Главоболки за Артета: Новото засилување на Арсенал ќе паузира два месеци!

Англискиот вицепрвак Арсенал нема среќа со повредите во последните години, па така денеска беше потврдена повредата на новото засилување Нони Мадуеке.

Мадуеке има проблеми со неговото колено, а тоа значи дека ќе паузира два месеци, односно ќе се врати во втората половина на ноември.

Арсенал во тој период ќе одигра голем број дуели, па Мадуеке нема да биде достапен за средбите против Олимпијакос, Атлетико Мадрид и Славија Прага, но и со Њукасл, Вест хем и други дуели.

Според прогнозата, Мадуеке би можел да се врати на теренот во лондонското дерби против Тотнем, кое се игра на 23 ноември.

Фото: Arsenal