Миовски го однесе Ренџерс во полуфиналето од Лига купот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше еден од главните протагонисти во победата на Ренџерс против Хибернијан со 2-0.

Со тоа, тимот од Глазгов обезбеди пласман во полуфиналето од шкотскиот Лига куп и ја продолжува борбата за првиот трофеј во сезоната. Миовски го постигна вториот гол на мечот, во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а потоа погоди и во 66. минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Пред него, мрежата на Хибернијан ја затресе и Раскин.

Пласман во полуфиналето од Лига купот досега обезбедија уште Мадервел и Сент Мирен, а последниот патник во оваа фаза ќе биде познат утре, по пресметката меѓу Партик Тисл и Селтик. Утре ќе се одржи и ждрепката за полуфиналето по што Ренџерс ќе го добие својот ривал.