
Бенфика моќна на кам-бекот на Жозе Мурињо (ВИДЕО)
АФС е најслаб тим во португалското првенство оваа сезона, со само еден освоен бод се наоѓа на последното место, но Бенфика ионака беше голем фаворит на овој меч. Во центарот на вниманието беше грчкиот репрезентативец Павлидис кој постигна гол од пенал и им асистираше на Судаков и Ивановиќ за останатите два.
Мурињо дебитираше на клупата на Бенфика на денешен ден пред точно 25 години, а последен пат водеше екипа во португалското првенство (Порто) во 2004 година.