
По шокот од Кремонезе, Милан е во серија од три победи - сите без примен гол (ВИДЕО)
Тоа е трет триумф по ред за „росонерите“ по шокантниот пораз од Кремонезе на домашен терен во првото коло, а интересно е тоа што сите три се остварени без примен гол и вкупна гол разлика 6-0. Вечерва се беше решено во периодот од 40. до 53. минута кога Милан ги постигна сите три погодока.
Херој на вечерта е американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ кој учествуваше во сите три. Го отвори резултатот во 40. минута, потоа му асистираше на Фофана во 46., а седум минути подоцна стави точка на сите дилеми околу победникот. Удинезе имаше неколку обиди за почесен гол, но не ги искористи.
Првиот вистински тест во новата сезона Милан ќе го има идниот викенд кога на Сан Сиро ќе го пречека актуелниот шампион Наполи.