
Вардар ја доби драмата со Охрид, трет меч - трета победа за црвено-црните!
Охрид непоразен си замина од Автокоманда, но не успеа да го изненади и Вардар, момците на Чупиќ го добија мечот и го продолжија перфектниот од во новата сезона.
Вардар водеше во текот на целиот меч, но Охрид постојано му дишеше во врат на домаќинот, на полувремето се замина со предност на црвено-црните од 17-15.
Во вториот дел Охрид се обиде да избегне пораз, многу често предноста на вардарци беше само гол разлика, се играше драматичен финиш во кој подобро се снајде Вардар и на крајот дојде до победа од 33-31.
Урош Митровиќ со осум голови беше најефикасен кај Вардар, Вуко Борозан даде шест, Васил Гогов имаше десет одбрани. Кај Охрид, Дарко Ѓукиќ реализираше осум пати.
Во другиот натпревар од овој термин Бутел со 35-30 го совлада Прилеп.