
Шверцери им ги земаа дресовите на фудбалерите на Шкупи - не ги заслужувале (ВИДЕО)
За фудбалерите на Шкупи ова беше седми пораз во седмото коло, тие се единствениот тим оваа сезона кој нема освоено бод, а со оглед на тоа дека оваа сезона повеќе тимови испаѓаат, исклучително тешка ќе биде мисијата да се спасат.
Од ваквата ситуација се огорчени навивачите на Шкупи кои по мечот ги повикаа фудбалерите пред нивната трибина и ги натераа да ги соблечат дресовите бидејќи не заслужуваат да ги носат.