
Дурант во 40. година ќе игра за репрезентацијата на Олимписките игри?
По титулите во Лондон, Рио де Жанеиро, Токио и Париз, Дурант посакува на спектакуларен начин да ја заврши репрезентативната кариера - со победа пред американска публика, во неговата родна земја. Евентуалното вакво достигнување ќе биде шлаг на неговата блескава кариера. Дурант тогаш ќе има безмалку 40 години, но јасно стави до знаење дека сака да биде дел од составот само ако е сè уште конкурентен.
„Ако сè уште сум свој, ќе бидам таму. Не сакам ветерански подарок 'седење на крајот од клупата'. Ќе видиме, сè уште уживам во одењето во теретана секој ден, и тоа е добар почеток“, рече Дурант.
Ако успее да освои уште еден златен медал на Лос Анџелес 2028, Кевин Дурант дополнително ќе го зацврсти своето место како кошаркарска легенда, но и ќе се потврди како најдобар стрелец на сите времиња за тимот на САД на Олимписките игри.