„Боже благослови го Манчестер јунајтед, нема подобар клуб за уништување таленти“

Италијанскиот новинар, Паоло Кондо се пошегува на сметка на лошата трансфер политика на Манчестер јунајтед откако уште еден поранешен фудбалер на англискиот гигант „процвета“ во Серија А.

Наполи неодамна потпиша договор со Расмус Хојлунд кој во Италија пристигна на позајмица и постигна гол уште на дебито. Хојлунд стрелаше во триумфот на актуелниот шампион на Италија над Фиорентина од 3-1.

„Боже благослови го Манчестер јунајтед. Нема клуб во светот кој е подобар во уништувањето на таленти во последната деценија. Овој викенд го видовме Хојлунд, минатата година Мектоминеј го водеше Наполи до Скудето. Не можеме да престанеме да им се заблагодаруваме“, објави новинарот кој не ги крие симпатиите кон Наполи.

Данецот пред две години пристигна на „Олд Траафорд“ како големо засилување и за него Јунајтед плати дури 83 милиони евра со бонуси, но минатата година во главно беше резерва кај Аморим и настапи на 32 натпревари во кои постигна четири гола.

Фото: SSC Napoli/FB