КФМ го одреди терминот за Суперкупот – МЗТ Скопје ќе се брани од Кожув!

Новата кошаркарска сезона официјално ќе започне на 28 септември со натпреварите од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, што е петта година по ред како токму ова натпреварување ја отвора сезоната.

Програмата почнува во 17 часот со женскиот дуел меѓу шампионот Баскет Кам од Македонска Каменица и освојувачот на Купот, Вардар. Во машка конкуренција, за трофејот ќе се борат МЗТ Скопје, кој ги освои сите трофеи минатата сезона и Кожув како куп-финалист.

Двата натпревара ќе се играат во салата „Кале“ во Скопје, а директен пренос ќе оди на Македонската радио-телевизија.