
Добри вести за ПСЖ: Кварацкелија подготвен за Аталанта
Европскиот првак ќе биде домаќин на утрешниот меч и секако ќе биде ослабен со неиграњето на Дембеле, Дуе, Ли и Бералдо, но барем Луис Енрике на реасполагање ќе го има крилниот играч. Кварацкелија доживеа повреда на задната ложа во саботата, на мечот со Ленс, ама прегледите покажале дека не се работи за ништо сериозно.
ПСЖ е голем фаворит на мечот против Аталанта, а веќе во второто коло, за две недели ѝ гостува на Барселона, најверојатно на Камп Ноу.