Комо прокоцка триумф против Џенова, Мората ептен се посрамоти (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо можат да жалат што освоија само еден бод против Џенова (1-1) во третото коло на Серија А.

Нико Паз го постигна првиот гол на дуелот за Комо во 13. минута, а домашниот состав имаше одлична можност дополнително да го зголеми водството, меѓутоа Алваро Мората не се прослави пред голот на Џенова.

Проблемите за Комо почнаа во финишот од дуелот, кога Рамон доби директен црвен картон, а во 92. минута Џенова израмни на 1-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Como 1907