Во Јунајтед знаат каде е проблемот, Аморим не бил причината за лошите резултати

Португалскиот стратег, Рубен Аморим повторно е под голем притисок во Манчестер јунајтед, меѓутоа како што стојат работите не треба да стравува за отказ.

На оваа тема се огласи познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо кој истакна дека клубот не размислува за ново име на клупата. Наводно, луѓето во раководството не гледаат проблем во тренерот, туку во менталитетот на фудбалерите.

„Во моментов, во Јунајтед сè уште владее голема доверба во Рубен Аморим. Можам да гарантирам дека доаѓањето на Џим Ретклиф на „Етихад“ исто така е силна порака дека сака да биде блиску до екипата, стручниот штаб и сите во клубот.. Во моментов, пораките што Аморим јавно ги испраќа, дека не сака да се откаже од својата филозофија, се насочени директно кон управата на клубот. Тој нема да го смени својот систем, бидејќи не верува дека проблемот е во него или во квалитетот, туку во менталитетот на фудбалерите. Португалецот е задоволен од тимот што го има, но мора да го смени нивниот менталитет. Слично размислуват и во раководството, па во овој момент е јасно дека нема да има смена“, тврди Романо.

По поразот во градското дерби викендов од 3-0, Јунајтед во наредното коло повторно го чека тежок предизвик бидејќи на „Олд Трафорд“ гостува Челси.

Фото: Manchester United/FB