Пелистер ѝ се извини на Битола и вети: Ќе се вратиме појаки и поборбени!

Фудбалскиот клуб Пелистер синоќа доживеа дебакл на домашен терен откако загуби со 4-0 од Арсими, битолскиот клуб беше шокиран во натпревар на кој беа фаворити.

Вечра Пелистер го играше првиот натпревар оваа сезона во Битола, дуелот со Арсими се играше под рефлектори, амбиентот беше совршен за убава фудбалска вечер.

Но, фановите на Пелистер реновираниот стадион го напуштија со главоболка и со многу прашалници, дали ова е реалната слика на овој тим.

Денеска Пелистер во две реченици се извини на битолската јавност за она што го прикажа вчера.

„Битола, извини што последната вечер не ви ја донесовме радоста што ја заслужувате. Ветуваме - ќе се вратиме појаки и поборбени“, стои во извинувањето на Пелистер.

Битолскиот тим веќе во четврток има шанса за поправен, гостува на Работнички, а следниот домашен меч им е за седум дена против Башкими.