
Онана си отиде од Јунајтед и веднаш доби признание за играч на натпреварот
Голем е бројот на играчи кои се како препородени откако ќе си заминат од Јунајтед, еден од нив е и камерунскиот голман Андре Онана кој пред крајот на преодниот рок се пресели во Трабзон и синоќа дебитираше за оваа екипа. Неговиот нов клуб синоќа му гостуваше на Фенербахче, домаќинот победи со 1-0, но Онана беше во центарот на вниманието.
Искусниот чувар на мрежата, силно оспоруван во Јунајтед, забележа осум интервенции и иако Трабзон загуби, Онана беше прогласен за играч на натпреварот. Можеби исходот ќе беше поповолен за Трабзон ако Јокуслу не добиеше црвен картон во 20. минута.