Вардар денеска гостува во Битола и сака втор триумф сезонава

Ракометарите на Вардар веќе во денешното второ коло од Суперлигата ќе имаат гостување во Битола каде што ќе се соочат со вториот тим на Пелистер.

Вардар сезоната ја отвори со лесна победа над Струга од 25-38, а и денеска ќе ја има фаворитската улога против вториот тим на најголемиот ривал.

Пелистер 2 исто така влезе во сезоната со победа и триумфираше над Прилеп со 29-32.

Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот, а денеска на програмата има и уште еден натпревар во кој Прилеп ќе биде домаќин на Куманово. Таа средба е закажана за еден час подоцна.