Тажна вест: Почина еден од најголемите британски боксери на сите времиња

Тажна вест пристигнува од Островот каде што утрово починал легенарниот британски боксер, Рики Хатон.

Безживотното тело на Хатон кој имаше 46 години било пронајдено во неговиот дом во Хајд, а засега од полицијата информираат дека нема докази за насилна смрт.

Во својата кариера Хатон освои повеќе светски титули, а до првата стигна со победа над Коста Циу во 2005 година.

Се соочи и со боксери како Мејведер и Пакјао, но загуби и во двете борби. Кариерата ја заврши во 2022 година со пораз од Вјачислав Сенченко.

Фото: EPA