Хујсен бил престрого исклучен, ВАР судијата ќе биде суспендиран!

Шпанската судиска комисија го анализираше натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид, а по анализата призна дека арбитрите погрешиле со исклучувањето на Дин Хујсен.

Хујсен беше исклучен во во 32 минута, па така „кралевите“ еден час играа со фубалер помалку, но и во таква ситуација стигнаа до победата (1-2).

Највисокото судиско тело во Шпанија процени дека црвениот картон за стоперот на „кралевите“ бил престрога казна.

Како главен виновник означен е судијата од ВАР собата Фигероа Васкез кој ќе биде суспендиран и нема да биде делегиран одреден период. Исто така, сега се очекува Реал да го има Хујсен на располагање за следниот натпревар.

По четири кола избраниците на Чаби Алонсо се единствените со максимални 12 бода од четири натпревари.

Фото: Real Madrid C.F/X