
Тетекс ја среди Слога, Салији даде гол од 40 метри (ВИДЕО)
Тетовци досега имаа само еден триумф, против Детонит во второто коло, а денеска го скршија отпорот на гостите по нешто повеќе од еден час игра. И тоа го направија на спектакуларен начин бидејќи Меритон Салији во 65. минута ја затресе противничката мрежа со удар од околу 40 метри, меѓу другото и поради лошата проценка на противничкиот голман.
Конечниот резултат го постави Даути во петтата минута од судиското продолжение, па Тетекс сега се наоѓа на деветтата позиција со шест освоени бода.