Елмас доби 20 минути на дебито, Наполи ја тресна и Фиорентина (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Наполи останува со максимален ефект и по три одиграни кола од Серија А откако вечерва славеше на гостувањето кај Фиорентина со 3-1.

Многу работи на овој меч беа решени во првите 15 минути од мечот кога Наполи веќе водеше со 2-0, благодарение на головите на Де Брујне од пенал и Хојлунд, а се беше решено кога во 51. минута Беукема го зголеми водството на гостинскиот тим. Раниери во финишот го постигна почесниот гол за Фиорентина.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 70. минута на местото на Де Брујне, но не успеа да се запише во листата на стрелците на своето второ дерби за Наполи. По три одиграни кола, шампионот на Италија има девет бода и се наоѓа на чело на табелата, со подобра гол разлика од Јувентус кој исто така има максимален ефект.