Томас Милер со хет-трик си го прослави роденденот! (ВИДЕО)

Томас Милер имаше одличен натпревар во МЛС во кој неговиот тим Ванкувер Вајткапс со 7-0 славеше над Филаделфија Унион.

Милер беше стрелец на три гола, два во првото полувреме, еден во финишот од натпреварот.

Овој хет-трик се случи на неговиот роденден, Германецот наполни 36 години.