Симеоне со убав гол ја сруши Рома (ВИДЕО)

По двете победи над Болоња и Писа, фудбалерите на Рома го претрпеа првиот пораз сезонава и тоа од Торино кој денеска во Рим славеше со 0-1.

Рома на теренот можеби беше за нијанса подобар потивник и имаше иницијатива, меѓутоа „волчицата“ не создаде некои посерозни прилики за гол, додека Торино искористи една која се покажа како доволна за триумф.

Херој за гостите беше Џовани Симеоне кој на истекот на еден час игра постигна убав гол со удар од далечина.

За Торино ова беше прв триумф сезонава, претходно загубија од Интер и ремизираа со Фиорентина.

Фото: Torino FC/X