
Македонските надежи подобри од Индонезија на контролката во Банско
Македонија имаше иницијатива од почетокот на натпреварот, а првата посериозна прилика ја пропушти Габриел Талевски по половина ча игра. Неколку минути подоцна Иван Танчев ја доведе Македонија во водство со гол кој се покажа како одлучувачки.
До крајот имавме уште некоја прилика, меѓутоа резултатот не се промени.
Македонија за три дена ќе одигра уште еден контролен натпревар и тоа против Унгарија во Скопје.
МАКЕДОНИЈА до 18 години: 12. Дарко Јовчев, 13. Павел Марковски, 6. Мухамед Мустафи, 5. Андреј Димовски, 4. Матео Кесиќ, 10. Давид Ангелески (капитен), 20. Иван Танчев, 8. Габриел Талевски, 11 Стефан Бранковски, 9. Матеј Сејменов, 7. Дамјан Буцевски;
1. Александар Трајков, 3. Стефан Стаматовски, 23. Стефан Секирски, 2. Рочи Албан, 18. Бојан Велков, 19. Стефан Бујаровски, 14. Јован Мрмачовски, 17. Душан Бојовиќ Заев, 15. Флори Иљази, 21. Иво Марковски, 24. Мартин Ѓоргиев, 16. Флоран Османи.