Меси се посрамоти - промаши паненка! (ВИДЕО)

Интер Мајами со убедливи 3-0 загуби на гостувањето кај Шарлот, а мечот можеше да има поинаков тек доколку Лео Меси реализираше пенал.

Во 32. минута при резултат 0-0, Меси имаше можност од пенал да му донесе водство на Интер Мајами. Аргентинецот се обиде да реализира фраерски, со паненка, но топката беше лесен плен за домашниот голман.

Две минути подоцна Шарлот поведе со гол на Токломати, истиот играч даде уште два гола во второто полувреме за победа од 3-0.