Крафорд го победи Алварез и испиша историја! (ВИДЕО)

Теренс Крафорд со едногласна судиска одлука го совлада Канело Алварез и стана првиот боксер кој освоил титули во три различни тежински категории.

Во бокс спектаклот кој се одржа пред 65.000 фанови, а се прикажуваше на платформата „Нетфликс“, Крафорд беше подобар од Алварез и го освои појасот во супер-средна категорија.

Крафорд доминираше уште од самиот старт и беше јасно дека Алварез само со нокаут ќе може да победи. Мечот траеше 12 рунди, а судиите немаа дилеми кој да го прогласат за победник, одлуката беше едногласна.

Со оваа титула Теренс Крафорд стана првиот боксер кој бил шампион во три тежински категории.