Убедливи триумфи за Саса и Кожуф, Брегалница во ефиксен меч го надигра Новаци

Денеска беа одиграни шест натпревари од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига, а најубедливата победа ја оствари Саса од Каменица која славеше со 8-1 против Вардар Неготино, додека Кожуф триумфира со 7-1 против Преспа.

Андреј Симевски беше најдобар во редовите на Саса, откако постигна дури четири голови, а во листата на стрелци се запишаа и Ефремов, Ајрули и Алиев, додека Неделков погоди за поразениот состав.

Кожуф немаше милост за Преспа, а на дуелот по два погодоци постигнаа Ислами и Мемеди, додека за победничкиот тим стрелаа и Гугуљанов, Шаркоски и Љушев, а на спротивната страна во листата на стрелци се запиша Емуш Елмаз.

Брегалница во ефикасен меч против Новаци триумфираше со 4-2, а за тимот од Штип погодија Ристе Темелков, Даниел Карачевски и Стефан Коцев, додека за противничкиот состав стрелаа Јовановски и Сиљаноски.

Резултати - 4. коло - ВМФЛ:

Брегалница – Новаци 4:2

Кожуф – Преспа 7:1

Шкендија (А) – Г. Коњари 4:0

Вардар (Н) – Саса 1:8

Осогово – Скопје 2:3

Победа – Охрид 2:3

Standings provided by Sofascore