Сити ги руши сите бариери - за нов договор ќе заработи 1,2 милијарди евра

Манчестер Сити е еден од финансиски најмоќните светски клубови поради што и има можност постојано да купува скапи фудбалери и со тоа да остане конкурентен за трофеите во сите натпреварувања во кои учествува.

Покрај вложувањата во играчи, клубот се фокусира и на долгорочни финансиски стратегии, вклучувајќи преговори со Премиер лигата кои би можеле значајно да ја унапредат финансиската стабилност на Манчестер Сити. Според британските медиуми, следна цел е новиот договор со компанија Етихад Ервез која би овозможил долгорочна соработка за многу пари.

„Претходниот договор, потпишан во 2011 година, беше во вредност од 400 милиони фунти, односно нешто повеќе од 461 милион евра за една деценија. Новиот, исто така на десет години, треба да биде потпишан наскоро и најверојатно ќе достигне вредност од околу 1,2 милијарди евра“, пренесуваат медиумите на Островот.

Тоа се 120 милиони евра годишно што значи дека секое лето Гвардиола или неговиот евентуален наследник би можел да купува по уште едно големо засилување.