Ракометарките ќе играат против Грција, Египет и Тунис на „Трофеј Македонија“

Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“, по долга пауза, повторно ќе се организира во период од 18 до 20 септември, каде што Македонија ќе се соочи со квалитетни репрезентации.

Спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид ќе биде домаќин на спортскиот настан во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Македонските ракометарки пред домашната публика ќе го почна турнирот на 18 септември од 20.30 часот против Тунис, а следниот ден од истиот термин ќе играат против Египет, додека за 20 септември е закажана пресметка против Грција од 16.30 часот.

Селекторот Кристијан Грчевски, исто така, го објави списокот за „Трофеј Македонија“, а на него се наоѓаат 20 ракометарки.

Фото: РФМ