Марко Ѓоргиевски ја напушти Струмица и замина на печалба во Чешка

Талентираниот македонски фудбалер Марко Ѓоргиевски добива прв предизвик во странство, откако ја напушти Брера Струмица и потпиша за Збројовка Брно од Чешка.

Ѓоргиевски потпиша повеќегодишен договор со екипата која се натпреварува во втората чешка лига.

„Марко е еден од најголемите таленти на својата генерација во Македонија. Иако има само 20 години, тој одигра над 80 меча во Првата лига“, кажа спортскиот директор на чешкиот тим, Мартин Јиранек.

Младиот фудбалер веќе одигра 83 натпревари во Првата македонска лига, а притоа 13 пати се запиша во листата на стрелци.