
Пешиќ: Некои од играчите наместо на тренинг одеа во црква!
Србија доживеа шокантен пораз од Финска и испадна уште во осминафиналето на Европскоото првенство иако важеше за главен фаворит за златниот медал.
Пешиќ во текот на подготовките и првенството ја немал контролата над соблекувалната, кога ќе се појавел проблем, тој го решавал капитенот Богдан Богдановиќ, но неговата повреда ги влоши работите.
Разговорот на Пешиќ со своите пријатели го открива „Спорт Клуб“.
„Губењето на Богдановиќ беше голем удар. Секогаш кога ќе се случеше нешто внатре во тимот, Богдан ми го решаваше тоа. Во еден момент ја загубив екипата“, рекол Пешиќ во неформален разговор со своите пријатели и кажал пример за одење во црква на некои од играчите во термин предвиден за шутерски тренинг, ги спомна Марко Гудириќ, Алекса Аврамовиќ и Огнен Добриќ.
„Сум тренирал играчи од сите вери, ги познавам овие момци како дишат и малку бев изненаден колку работата отиде предалеку. Наместо на шутерски тренинг, дел од тимот оди во црква на молитва. Па не сакаат да јадат месо, а неопходна им е енергија“.
Тој потенцира и дека Јокиќ дошол со вишок килограми, но поради добриот учинок не можел да му каже ништо.
„Што да му кажам? Видете што добивме во нападот со него, иако дојде со повеќе килограми. 10 од 12 играчи дојдоа неподготвени. Само Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ дојдоа подготвени“.
Се очекува во наредниот период да се случи промена на селекторската позиција на Србија, на Пешиќ да му биде врачен отказ.