Ериксен се договорил, наскоро потпишува за новиот клуб

Искусниот дански фудбалер, Кристијан Ериксен како што стојат работите за првпат ќе заигра во Германија.

Според информациите на германските медиуми, Данецот се договорил со екипата на Волфсбург и наскоро би требало да ја официјализира својата преселба во овој клуб. Ериксен е без клуб уште од разделбата ова лето со Манчестер јунајтед.

Дресот на „црвените ѓаволи“, данскиот фудбалер го носеше на 107 натпревари во кои постигна осум голови и подели 19 асистенции.

Со Манчестер јунајтед успеа да го освои ФА Купот и Лига Купот на Англија. Низ кариерата досега искусниот фудбалер беше дел уште од: Ајакс, Тотнем, Интер и Брентфорд.

Фото: Manchester United/X