Најдобриот голман во Серија А со адвокати ќе се враќа во репрезентацијата

По кратката епизода во репрезентацијата на Србија, голманот Миле Свилар сака да се врати во националниот тим на Белгија, објави „Газета дело Спорт“.

Свилар кој изминатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Серија А сака да продолжи во репрезентацијата на Белгија, земјата од каде што потекнува неговата мајка.

За таа цел тој ангажирал адвокатски тим кој ќе му помогне околу правните работи со оглед на тоа дека веќе беше член на селекцијата на Србија.

Наводно, Свилар е убеден дека постојат „дупки во законот“ кои може да ги искорити и да добие право за настап за Белгија.

За Србија, Свилар дебитираше во 2021 година во пријателски натпревар против Катар, но подоцна го смени мислењето.

Фото: Lega Serie A/X