Победата над Србија не била случајност, Финците ја решија и Грузија!

Репрезентацијата на Финска денеска потврди дека елиминацијата на Србија во осминафиналето не била случајност и со триумф над Грузија од 93-79  обезбеди место помеѓу најдобрите четири селекции на Евробаскетот.

Грузијците рамноправен противник во денешниот натпревар беа само во првата половина од првата четвртина, а Финска тука почна да ја прави разликата и да чекори кон полуфиналето.

Веќе на крајот од првиот период Финска имаше водство од 13 поени разлика (28-15).

Каде што застанаа во првиот, продолжија во вториот период, па така предноста само растеше и на паузата на семафорот стоеше 57-40.

Грузија заигра нешто подобро во третата четвртина кога успеа да дојде до „минус девет“, сепак повеќе од тоа не можеа, Финска повотнро заигра подобро во последниот период и ја обезбеди битката за финале.

Најефикасен кај Финска беше Микаел Јантунен со 19, а зад него следеше одличниот и на оваа средба Марканен со 17. На спротивната страна не беа доволни 22 поени на Мамукашвили, солиден настап имаше и Дуда Сандзе кој средбата ја заврши со 19 постигнати поени.

Пласманот во полуфиналето за Финска е најголемиот успех во нивната кошарка бидејќи досега најдобро беа пласирани на Евробаскетот во 1967 година кога завршија како шести.

Во полуфиналето Финците ќе го чекаат подобриот од вечерашната пресметка помеѓу Германија и Словенија. Ќе потсетиме, првата полуфинална двојка веќе ја формираа Грција и Турција.

Фото: FIBA