Чеферин џабе реагираше, Ла Лига ја испрати Барселона кај Меси!

Фудбалскиот сојуз на Шпанија и дефинитивно потврдил дека натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона од 17. коло кој е на програмата на 21 декември ќе се игра во Мајами, градот каде што од потписот за Интер Мајами престојува  легендата на Барселона.

Шпанците веќе ја известиле УЕФА која претходно реагираше на ваквата идеја. Сепак, самиот Чеферин уште тогаш призна дека нема правни механизими со кои би можел да ги спречи ваквите натпревари, ако националните федерации тоа го сакаат.

ФИФА одобрување за ваквиот предлог дала уште пред две години со аргумент дека лигашки натпревари можат да се играат и во други земји.

Според Чеферин, ваквата одлука не е добра за навивачите на клубовите од нивните земји кои би требало да поминат илјадници километри доколку сакаат да го гледаат тој натпревар.

Сепка, целата на Ла Лига е да го популаризира шпанскиот фудбал и во САД. Ваква идеја имаше и во Италија каде што се најавуваше дека Милан и Комо сезонава својот натпревар ќе го играат во Австралија.

Фото: UEFA/X