Нов скандал на судијата кој беше исфрлен од фудбалот - заврши во притвор!

Поранешниот премиерлигашки судија Дејвид Кут кој беше исфрлен од фудбалот по низата скандали сега се соочува со сериозни обвинувања поради кои може да заврши и во затвор, а во овој момент се наоѓа во притвор.

Кут се најде во центарот на вниманието откако се појави видео како го навредува поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, подоцна беше откриено и дека користел наркотици.

Сега се соочуваа со обвинение дека на 2 јануари 2022 година снимал малолетно дете како има секусален однос.

Во обвинението се истакнува дека станува збор за најтешко кривично дело бидејќи во прашање е злоставување на деца од возрасни. Кут ќе треба да се појави пред судот во Нотингем, а првото сослушување е закажано за 11 септември.

„Дејвид Кут е обвинет на 13 август оваа година по истрагата на полицијата на основа на видео кое било вратено во телефонот во февруари. Тој во овој момент е во притвор и пред судот ќе се појави на 11 септември“, стои во соопштението од полицијата.

Фото: The FA/X