Ѕвезда на Манчестер сити го пропушта градското дерби на „Итихад“

Фудбалерот на Манчестер сити, Омар Мармуш поради повреда на коленото ќе го пропушти дерито против Манчестер јунајтед на „Итихад“.

Мармуш се повреди на мечот меѓу Египет и Буркина Фасо во осмото коло од групата А во квалификациите за Светското првенство (СП).

Англиските медиуми пишуваат дека по деталните медицински прегледи ќе биде познато колку време ќе паузира Мармуш, но дефинитивно ќе го пропушти градското дерби во Манчестер.

Дербито на „Итихад“ е закажано за 14 септември од 17.30 часот.