Гарабаја: Многу ми зборуваа за атмосферата во Битола, подготвен сум да ја почувствувам!

Ракометарите на Пелистер утре ја започнуваат новата сезона во Лигата на шампионите и тоа на домашен терен против Загреб.

Пелистер во новата сезона влегува со новиот предводник на клупата, Рубен Гарабаја кој го наследи, Раул Алонсо.

Пред натпреварот Гарабаја истакна дека со нетрпение чека да ја почувствува атмоферата во Битола за време на натпреварите од Лигата на шампионите.

„Загреб е еден конкурентен тим, играат одлично во одбраната, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како во подготвителниот период. Подготвен сум за атмосферата во Битола, сите ми зборуваат за тоа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра“, изјави  Гарабаја.

Натпреварот помеѓу Пелистер и Загреб е закажан за во терминот од 20:45 часот.