Италија може да ја загуби организацијата на ЕП 2032 поради стадионите

Иако има уште многу време, Италија се уште не презема ништо за модернизирање на своите стадиони или изградба на нови поради што може да ја загуби организацијата на Европското првенство во 2032 година.

УЕФА ја избра оваа држава, заедно со Турција за домаќин на шампионатот за седум години, но за разлика од балканската земја која последните години направи многу модерни зданија, Италија уште не прави ништо на тоа поле. Со исклучок на Олимпискиот стадион во Рим и Алијанц арената во Торино, останатите се дотраени, а нема никаков план за реновирање.

„Ние имаме само шест стадиони кои се изградени или реновирани во последните 15 години. Франција за истиот период има 12, а Турција дури 33“, изјави претседателот на Фудбалската федерацја на Италија, Габриеле Гравина.

Најголем дел од сегашните стадиони на кои се играат натпревари во Италија се направени за потребите на Светското првенство во 1990 година, последно големо натпреварување кое Италијанците сами го организираа.