
Бразилките ја совладаа Јапонија по голема драма и освоија бронза на СП
Со оваа победа, Бразил се закити со шестиот медал на Мундијалите, додека Јапонија засега останува без медал.
Најефикасна во победничкиот тим беше Габриела Брага Гимараиш со 35 поени, додека Јулија Бергман запиша 13 поени. На спротивната страна Сато Јошино го заврши мечот со 34 поени.
Во големото финале на СП ќе се соочат Турција и Италија.
Фото: Vôlei Brasil