БиХ со шестка во Сан Марино го продолжи максималниот ефект во квалификациите (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја оствари највисоката победа денеска во квалификациите за Светското првенство, совладувајќи го Сан Марино со 6-0.

Со тоа Босанците продолжија со максималниот ефект во овој циклус бидејќи по четири одиграни натпревари имаат 12 освоени бода, но допрва им претстојат двата дуела против најголемиот ривал во групата Австрија која исто така е без испуштен бод, но со три натпревари. Првиот меч е веќе в понеделник на теренот на босанската репрезентација.

Интересно е тоа што денеска до 70. минута беше само 1-0 за БиХ, благодарение на голот на Таировиќ во првото полувреме. Серијата во финишот ја отвори Џеко со два гола, во 70. и 72. минута, а до крајот погодија уште Баждар, Алајбеговиќ и Мујакиќ.

Австријците ја остварија третата победа во третиот меч откако го совладаа аутсајдерот Кипар со 1-0 на домашен терен. Стрелец на единствениот гол беше Забицер од пенал во второто полувреме.