
Вардар го доби последниот ривал во групната фаза од Европската лига
Во групата Ф, во која се наоѓаат „црвено-црните“ ќе биде тимот на Сесвете кој во хрватската пресметка од квалификациите го елиминира Дуго Село со вкупен резултат 64-56. По поразот во првиот меч со 29-32, Сесвете вечерва на домашен терен славеше со 35-24 и обезбеди европска есен.
Токму Сесвете ќе му биде прв противник на Вардар, на 14 октомври во Скопје, а покрај овие екипи, во групата се уште шведскиот Кристијанштад и францускиот Тулуз.