
Лазаров: Не се победува Хановер со девет промашени пенали
Бундеслигашот беше апсолутен фаворит во овој двомеч, но Алкалоид имаше шанса да победи барем вечерва, а и во првиот натпревар да се избори за помала негатива.
„Хановер заслужи да победи, но јас сум разочаран затоа што на двата натпревара промашивме девет пенали, а со таков ефект не може да се победи тим кој долго време беше лидер во Бундеслигата минатата сезона. Знаевме дека се подобри од нас, но пак ќе кажам дека е многу да се промашат девет пенали. И без тоа е многу тешко да се совлада ривал кој победувал гиганти како Магдебург, Фуксе, Рајн Некар итн“, рече Лазаров по натпреварот.
Алкалоид сега ќе се насочи на домашните натпреварувања каде ќе се обиде да освои нов трофеј, по Купот на Македонија во 2024 година.