Ракометарите на Алкалоид пред денешниот натпревар против Хановер кој е прв европски сезонава, го подигна и заслужениот трофеј за освојување на Европскиот куп минатата сезона.

Алкалоид беше одличен во Европа минатата сезона и доминатно стигна до трофејот, кој денеска пристигна во Скопје, поради случувањата со АЕК во финалето.

Ќе потсетиме, по поразот во Атина (29-25), грчкиот тим во Скопје одби да излезе на теренот и натпреварот не се одигра. ЕХФ на крајот, сепак пресуди и како што се очекуваше, прогласувајќи го тимот од Автокоманда за победник.