
ВМФЛ: Три екипи се израмнија на врвот, „седмица“ на Беласица во Прилеп!
Беласица која е еден од фаворитите во битката за врвот на табелата го прегази Големо Коњари на гостински терен со 1-7 со што дојде до седум бода.
Исто толку има и Шкендија Арачиново којa по победите против Охрид и Преспа денес одигра 2-2 на гости кај Скопје.
Седум бода има уште и Кожуф кој денеска освои три на гостувањето кај Каменицa Саса.
Од останатите средби убедлива беше и Преспа која ги освои првите бодови во второлигашката конкуренција со триумф од 5-0 над Победа,.
ВМФЛ ТРЕТО КОЛО:
Детонит - Слога 1-0
Скопје - Шкендија Арачиново 2-2
Големо Коњари - Беласица 1-7
Кеманица Саса - Кожуф 1-3
Новаци - Вардар Неготино 3-2
Охрид - Осогово 2-0
Преспа - Победа 5-0