Пукна сеир: Се пофали дека со Челси ќе игра ЛШ, Мареска не го пријави!

Во последниот ден од преодниот рок екипата на Челси во своите редови го доведе младиот Аргентинец од редовите на Брајтон, Факундо Буананоте кој пристигна на позајмица.

Во својата прва изјава фудбалерот порача дека е пресреќен што потпишува за лондонскиот гигант и што ќе има прилика да игра во Лигата на шампионите, но за ова второто барем засега ќе треба да почека.

„Многу сум среќен што пристигнувам во Челси и ќе дадам се од себе за тимот и стручниот штаб. Сигурен сум дека ќе имаме позитивна сезона. Секако, ќе имам прилика да играм и во Лигата на шампионите за првпат што ќе биде голем предизвик. Навистина со нетрпение очекувам да започнам“, изјави Аргентинецот.

Но, два дена по оваа негова изјава, Буананоте дозна дека тој е еден од тројцата на кои Мареска нема да смета за првиот дел од Лигата на шампионите. Покрај него непријавeни за елитното натпреварување останаа Ромео Лавија и Рахим Стерлинг.