Ѓoковиќ ита кон 25-та грен-слем титула, го прегази и Германецот Штруф!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ изминатата вечер го совлада Јан Ленард Штруф со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-2) и така го обезбеди своето место во четвтфиналето на Ју-Ес Опен.

Новак доминираше од првиот поен, со тоа што кон крајот на првиот сет помина низ мала криза и првпат го изгуби својот сервис, но се останато во мечот помина во знак на Ѓоковиќ.

Тргна фуриозно Ѓоковиќ и по околу 15 минути игра веќе водеше со 4-0, тогаш следуваше споменатиот пад од кој брзо се опорави. По два гема за Германецот, Ѓоковиќ го освои седмиот, а потоа на свој сервис го потврди освојувањето на сетот.

Во вториот, мечот беше во егал до 3-3, потоа српскиот тенисер „додаде гас“ и со три гема во низа поведе 2-0. Серијата ја продолжи и во третиот сет кога брзо поведе со 3-0, а потоа без проблеми го зачува својот сервис до крајот за конечен триумф.

За место во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Тејлор Фриц кој беше подобар од Чехот, Махач исто така со 3-0 (6-4, 6-3, 6-3).'

Фото: US Open Tennis Championships/FB