Готово: Исак во рекорден трансфер потпишува за Ливерпул!

Трансфер сагата која траеше повеќе од еден месец конечно е завршена, Александар Исак се сели во Ливерпул.

Двата клуба конечно постигнаа договор и трансферот ќе изнесува 150 милиони евра што ќе биде рекорд во Премиер лигата. Во еден момент изгледаше дека нема да има договор, но сепак Исак сакаше само во редовите на шампонот на Англија и притискаше за трансферот да се реализира.

Но, мораше да попушти и Ливерпул, кој на крајот се одлучи да плати 150 милони евра, иако долго време се обидуваше да ја спушти цената.

Исак во првите натпревари од Премиер лигата поради неговото инсистирање на трансферот беше надвор од тимот на Њукасл, а веќе по репрезентативната пауза би можел да го одигра својот прв натпревар за Ливерпул.