Скандал во Белград: Навивачи на Звезда ја уништија сцената за промоција на Партизан (ФОТО)

Вечерва во Белград треба да се одржи промоцијата на новите дресови и засилувања на Кошаркарскиот клуб Партизан, но на 24 часа пред настанот, се случил скандал во режија на навивачите на Црвена Звезда.

Сцената на која требаше да излезат кошаркарите е уништена со графити на другиот клуб од Белград од што станува јасно кој стои зад ова „дело“. Ишкртан е и амблемот на Партизан на неколку места.

И покрај тоа, вечерашниот настан не е одложен, а фановите на поранешниот европски шампион ќе имаат можност да ги поздрават кошаркарите, вклучувајќи ги и новите засилувања Шејк Милтон, Дилан Осетковски и Џабари Паркер.