
Летонска тенисерка и грмна на Американка: Немаш класа, не си образована (ВИДЕО)
Таунсенд, која е 139. на ВТА листата направи изненадување, елиминирајќи ја Летонката со 2-0 (7-5, 6-1), но Остапенко не беше задоволна од однесувањето на својата ривалка. Проблем за неа беше тоа што Таунсенд не ѝ се извинила, туку бурно прославила откако освои поен со тоа што топчето удри во мрежата и заврши во противничкото поле.
Како последица на тоа, двете имаа жесток дуел по завршувањето на мечот, а Таунсенд на прес-конференцијата откри дека добила тешки навреди од противничката.
„Ова е големо натпреварување и некои се вознемируваат кога ќе загубат. Ми рече дека немам класа, не сум образована и ќе сум видела што ќе се случело кога ќе играме надвор од САД“, откри Таунсенд во својата изјава по мечот.
Остапенко призна дека нивната полемика била жжестока, но дека од противничката не добила респект. Нејзините навреди кон Таунсенд многумина ги означија како расистички и не е исклучено да биде казнета за тоа.