Меси се врати и го однесе Интер Мајами во уште едно финале (ВИДЕО)

Најтрофејниот фудбалер на сите времиња Лионел Меси ќе се бори за уште еден пехар откако ноќеска го однесе Интер Мајами во финалето од Купот на лигите.

Во полуфиналниот меч, Интер Мајами со 3-1 го совлада ривалот од Флорида, Орландо од кого пред 17 дена, без Меси во тимот, доживеа катастрофа со 1-4. Аргентинецот вечерва се врати во тимот и беше најзаслужен за пресвртот кој го однесе Интер во мечот за титулата.

Орландо го заврши првото полувреме со водство од 1-0, благодарение на голот на Пашалиќ во судиското продолжение. Се одеше одлично за Орландо до 75. минута кога Брекало направи пенал и доби црвен картон, а Меси од белата точка го израмни резултатот. Со фудбалер помалку, Орландо не можеше да издржи до крајот, Меси во 88. минута го донесе Орландо во водство од 2-1, а Сеговија во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Во финалето, в понеделник рано наутро, Интер Мајами ќе игра против Сиетл Саундерс кој беше подобар од Лос Анџелес Галакси со 2-0. Мечот за титулата ќе се игра во Сиетл. Интер Мајами има една титула во Купот на лигите, освоен во 2023 година, непосредно по доаѓањето на Лионел Меси во тимот.