
Шкупи најде стадион за натпреварот со Вардар
Натпреварот со Вардар, Шкупи ќе го игра на стадионот во Струмица. Шкупи од почетокот на сезоната се мачи со разни проблеми, еден од нив се условите на стадионот, а Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше и дека никој од клубот не се појавил при инспекцијата за проверка на условите.
Од Шкупи претходно најавија дека започнале со решавање на проблемите и тогаш истакнаа дека веќе можеби за натпреварот со Вардар ќе имаат услови да го користат својот стадион, сепак тоа не се случи.
Дуелот помеѓу Шкупи и Вардар е прв од четвртото коло и се игра в петок во терминот од 16:30 часот.